Видови на биодиверзитет

Биолошката разновидност се разгледува на три различни нивоа: генетски диверзитет, диверзитет на видови и екосистемски диверзитет.

1. Генетски диверзитет 

Генетскиот диверзитет најдобро може да се објасни преку различните раси кои може да се дефинираат кај ист вид на животни – особено кај домашните животни. Хромозомите, гените и ДНК ја определуваат уникатноста на секоја индивидуа во еден одреден вид. Затоа се разгледува и разновидноста на генетски информации кои се содржат во едно индивидуално растение, животно и микроорганизам кое е дел од популацијата на одреден вид. 

2. Диверзитет на видови 

Ова е разновидноста на видови или живи суштества. Начинот на кој се мери е преку богатството на видови – вкупниот број на видови во определено подрачје и изобилството на видови – бројноста на видовите. Ако сите видови кои се присутни во едно подрачје се во изобилство тогаш биодиверзитетот е висок, но ако еден вид има 96 единки а сите други по една единка, тогаш биодиверзитетот е низок. 

3. Диверзитет на екосистем

Диверзитетот на екосистеми се однесува на разновидноста на живеалиштата, биотските заедници и еколошките процеси во биосферата. Биолошката разновидност не е рамномерно распоредена на Земјата. Биодиверзитетот е најбогат е во тропските предели. Копнениот биодиверзитет има тенденција да биде највисок во близина на екваторот. Морската биолошка разновидност има тенденција да биде највисока долж бреговите во Западниот Пацифик, каде температурата на површината на морето е највисока и во средната ширина во сите океани. Биодиверзитетот генерално има тенденција да се групира во жариштата и се зголемува со текот на времето, но веројатно ќе се забави во иднина.