Биодиверзитет, поточно, биолошка разновидност е термин кој ја опфаќа целата природа со сите нејзини вариации – во бројност и во тоа кои се чести. Тоа се сите растенија, животни и микроорганизми, гените кои ги содржат и екосистемите кои ги формираат. Биолошката разновидност која ја имаме денеска е резултат на милијарди години еволуција, водена од природни процеси, а сега сѐ повеќе водена од луѓето. Оваа разновидност на сите животни форми ја создава мрежата на која и припаѓа сѐ што е живо и од која сме целосно зависни. Научниците имаат идентификувано милиони видови на живи суштетства, но се смета дека сѐ уште не се опишани и идентификувани уште десетина милиони видови.