Зачувувањето на биолошката разновидност е подвиг кој не може да го спроведе ниту една држава, ниту еден континент во изолација. Природата не ги почитува човечките граници и еднакво влијае на животите на сите луѓе, ако не директно, тогаш сигурно индиректно. Зачувувањето на биолошката разновидност е заедничка грижа на човештвото.
Затоа Обединетите Нации имаат Конвенција за биолошка разновидност (CBD) која е меѓународен правен инструмент за „зачувување на биолошката разновидност, одржлива употреба на нејзините компоненти и правично и еднакво споделување на придобивките што произлегуваат од користењето на генетските ресурси“. Оваа конвенција е ратификувана од 196 нации.
Неговата општа цел е да поттикне акции кои ќе доведат до одржлива иднина. Конвенцијата за биолошка разновидност ја опфаќа биолошката разновидност на сите нивоа: екосистеми, видови и генетски ресурси. Всушност, ги опфаќа сите можни домени кои се директно или индиректно поврзани со биодиверзитетот и неговата улога во развојот, почнувајќи од науката, политиката и образованието до земјоделството, бизнисот, културата и многу повеќе.
Конвенцијата за биолошка разновидност содржи и цели, познати како Аичи цели (според локацијата во Јапонија каде беа усогласени). Аичи целите се групирани во 5 стратешките насоки:
- Стратешка цел А – надминување на основните причини за загуба на биолошката разновидност преку нејзино интегрирање во целото општество
- Стратешка цел Б – намалување на директните притисоци врз биолошката разновидност и промовирање на одржливо користење на ресурси
- Стратешка цел В – подобрување на статусот на биолошката разновидност преку зачувување на екосистемите, видовите и генетската разновидност.
- Стратешка цел Г – зголемување на придобивките за сите од биодиверзитетот и екосистемските услуги
- Стратешка цел Д – подобрување на имплементацијата преку заедничко планирање, образование и градење на нови капацитети.
Сите стратешки насоки содржат една или повеќе цели. Целите можете да ги разгледате тука.
Македонија има одговорност да изработува редовни национални извештаи кон Конвенцијата за биолошка разновидност а одговорна институција за овој извештај е Министерството за животна средина и просторно планирање. Националната стратегија за биолошка разновидност е документот кој ги содржи нашите стратешки насоки и цели (кои се поврзани со Аичи целите). Стратегијата за биолошка разновидност и сите сродни документи можете да ги најдете на сајот на Министерството за животна средина и просторно планирање. Овие документи за најдобрата појдовна точка за развивање на проекти или активности кои ќе го поддржат зачувувањето на биолошката разновидност во Македонија.