Состојбата со биодиверзитетот во Европа е истражувана низ годините и сите податоци укажуваат на тоа дека таа и понатаму се влошува. За детали можете да го погледнете следниот графички приказ.
1. Само 15% од живеалиштата се во добра состојба. Мочуриштата и песочните дини се во најлоша состојба.
2. Птиците од земјоделските површини се намалени за 36% од 1990 година. Птиците се опрашувачи, што значи од нив зависи и нашата храна а тие се е и добри индикатори за здравјето на екосистемите.
Како одговор на состојбата со биодиверзитетот Европската Унија (ЕУ) има Стратегија за биолошка разновидност која е сеопфатен и амбициозен план за заштита на природата и реставрација на природата т.е. обновување на екосистемите. Преку спроведување на оваа Стратегија, ЕУ сака биодиверзитетот до 2030 година постојано да закрепнува т.е. да се прекине влошувањето. Сите членки на ЕУ имаат конкретни активности и обврски кои произлегуваат од Стратегијата.
ЕУ очекува земјите членки да постигнат отпорност или најдат начини за справување со:
- Последниците од климатските промени
- Шумските пожари
- Недостатокот на храна
- Појавувањето на нови болести – вклучувајќи заштита на дивиот свет и борба против илегална трговија со дивиот свет
Бидејќи оваа Стратегија има амбициозен план за значајни промени до 2030 година некои од главните постигнувањата кои се очекуваат до 2030 година се:
- Воспоставување на заштитени подрачја кои покриваат најмалку 30% од земјата и морето на Европа
- Обновата на деградирани екосистеми (особено оние кои помагаат во секвестрација на јаглерод и намалување на ризици од природни катастрофи) преку намалување на користењето на пестициди за 50% до 2030 и засадување на 3 милијарди дрва.
- Вложување на 20 милијарди евра годишно во зачувување и едукација за биодиверзитетот преку фондовите на ЕУ, национални и приватни фондови.
- Создавање на амбициозна глобална рамка за зачувување на биолошката разновидност.
Како потенцијална членка на ЕУ, Македонија има одговорност и прилика да работи заедно со другите земји кон исполнување на овие очекувања. Тоа отвора можности за многу наши институции, граѓански организации и граѓани активно да работат на зачувување на биодиверзитетот на Македонија. За повеќе информации околу напорите на Европската Унија и сите ресурси кои стојат на располагање можете да ја посетите следната вебстрана.