Едукативната платформа за млади еко-активисти (edu.bidizelen.org) обработува лични податоци за цели на организирање на курсеви за млади лица на тема животна средина и еко-активизам. Обработката на личните податоци се врши согласно Законот за заштита на личните податоци.
Во оваа Политика за приватност е објаснето на кој начин Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопје преку својата веб страница ги собира Вашите лични податоци, на кој начин ги користи и управува со нив. Организацијата е посветена на заштитата и почитувањето на приватноста на Вашите лични податоци, на заштитата и сигурноста на личните податоци на сите физички лица кои ја користат веб страницата.
- КОНТРОЛОР НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Контролор на личните податоци обработени преку Едукативна платформа за млади еко-активисти (edu.bidizelen.org) е Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопје, со седиште на ул. Кукушка 4а, 1000 Скопје.
Офицер за заштита на личните податоци: Мила Јовановска, контакт milajovanovska@bidizelen.org
- ПОИМИ (ИЗРАЗИ)
„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.
,,Субјект на лични податоци“ секое физичко лице кое ги споделува своите лични податоци преку оваа веб страница.
„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.
„Ограничување на обработката на личните податоци“ е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина.
„Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целитеи начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.
„Обработувач на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.
„Корисник“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.
„Трето лице“ е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект на лични податоци, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците.
„Согласност“ на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.
„Директен маркетинг“ е секој вид на комуникација остварена на било кој начин според најновите технолошки достигнувања, а со цел испраќање на рекламна, маркетиншка или пропагандна содржина која е насочена директно до одреден субјект на личните податоци, како и обработка на лични податоци која вклучува и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со овој вид на комуникација.
- ОСНОВ, ЦЕЛИ ЗА ОБРАБОТКА И КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ
Едукативна платформа за млади еко-активисти (edu.bidizelen.org) претставува веб страница која служи за регистрација на млади лица, кои понатаму можат да следат курсеви поставени на веб страницата.
Со регистрација на профил во нашата веб страница ќе имате можност да ги следите курсевите поставени на самата страница.
Вашата согласност е основ за обработка на Вашите лични податоци кои ги споделувате со Едукативна платформа за млади еко-активисти (edu.bidizelen.org), односно Вие ни давате согласност за обработка на Вашите лични податоци кои ги внесувате при постапката на регистрација.
- За цели на регистрирање на платформата односно креирање на корисничко име се врши обработка на лични податоци кои е потребно самите да ги Внесете и тоа следните категории на лични податоци: име и презиме, е-маил адреса, општина, по што креирате корисничко име и лозинка. При регистрирање се собираат и IP адреси, како и технички податоци при секоја посета како оперативен систем, browser, локација според интернет провајдер, уред.
4.КАКО И КОГА ГИ СОБИРАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вашите лични податоци ги собираме при самото креирање кориснички профил на веб страницата Едукативна платформа за млади еко-активисти (edu.bidizelen.org), со внесување на Вашите лични податоци од самите Вас, доброволно со Ваша согласност.
5.КАДЕ, КАКО и КОЛКУ СЕ ЧУВААТ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вашите лични податоци ги чуваме се додека имате активен профил. Вашиот профил можете да го деактивирате во било кој момент, по што Вашите податоци ќе бидат избришани од веб страницата.
Личните податоци кои се обработуваат исклучиво по основ на согласност на субјектот на кој се однесуваат, се обработуваат во согласност со целта за која се собрани, односно до повлекување на согласноста од страна на субјектот на кој се однесуваат податоците.
Доколку е поведена судска, управна или вонсудска постапка, личните податоци се чуваат до крајот на постапката.
6.ДАЛИ Едукативна платформа за млади еко-активисти (edu.bidizelen.org), ГИ СПОДЕЛУВА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ СО ТРЕТИ ЛИЦА
Обработката на лични податоци внесена на веб страницата се извршува од страна на лицата кои се овластени за обработка на лични податоци, при што Вашите лични податоци не ги доставуваме на користење на трети лица, освен во законски предвидени случаи.
7.ВАШИТЕ ПРАВА
Согласно Законот за заштита на личните податоци Вие како субјект на заштита на лични податоци имате право:
– да бидете информирани за обработката на Вашите личните податоци,
– право на пристап до Вашите личните податоци,
– право на исправка а Вашите личните податоци,
– право бришење на Вашите личните податоци,
– право на ограничување на обработката на Вашите личните податоци,
– право на преносливост на Вашите податоци како и
– право на приговор.
За остварување на Вашите права можете не контактирате преку нашиот Офицер за заштита на лични податоци, како и преку e-mail адресата milajovanovska@bidizelen.org
Контролорот за барањето на субјектот на личните податоци е должен да достави информација за преземените активности до субјектот на личните податоци во период од еден месец од денот на приемот на барањето. Доколку е потребно овој рок може да биде продолжен за уште два месеци земајќи ги предвид сложеноста и бројот на барањата. Контролорот го информира субјектот на личните податоци за секое продолжување во рок од еден месец од денот на приемот на барањето, заедно со причината за одложувањето. Кога субјектот на лични податоци поднесува барање во електронска форма, информациите се даваат со користење на електронски средства каде што е можно, освен ако субјектот на личните податоци побара поинаку. Контролорот може да преземе дејствија по однос на идентификување на субјектот на личните податоци, доколку е потребно и/или се сомнева во идентитетот на подносителот на барањето, а согласно Законот за заштита на личните податоци.
Ако контролорот не презема активности по барањето на субјектот на личните податоци, контролорот го информира субјектот на личните податоци без одложување и најдоцна во рок од еден месец од денот на приемот на барањето, за причините за непреземените активности и за можноста за поднесување на барање до Агенцијата, како и за можноста за користење на судска заштита согласно со закон.
8. ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Доколку сметате дека Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопје на било кој начин не ги обработува вашите лични податоци согласно одредбите предвидени во Законот за заштита на лични податоци имате право да се обратите до:
Агенција за заштита на личните податоци
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје
www.dzlp.mk
info@privacy.mk
9. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност за веб страницата може да се менува и дополнува соодветно на потребите кои ќе се појават од активностите и услугите кои се нудат.