Млади активисти

Ева Зовиќ

Од програмата за младински екоактивизам научив дека оние кои растеле со свест кон еколошки принципи, истите поствесно ќе се трудат да ги вклучат во сите сфери од нивниот живот, а најважно во нивната работа и професија. Јас и ден-денес сум свесна и пробувам да ја намалам потрошувачката на електрична енергија, реупотребувам производи и ситници од секојденвниот живот.

Кристина Цоковска

Со помош на програмата се стекнав со пошироки знаења од областите поврзани со климатските промени, младинско учество и волонтерството, кои потоа ме мотивираа креативно да размислувам за решавање на глобалните проблеми кои влијаат врз животната средина, воедно да развијам свесност и одговорност како млад човек кој може да направи промена.

Елена Штерјова

Главните проблеми со кои се сретнуваме не можат да се решат на исто ниво на размислување што сме го имале кога сме ги создале. Зелената програма ми овозможи да развијам поширок светоглед кој секојдневно влијае на димензионирањето на мојот начин на живот. Ме мотивира свесно да учам, да креирам ставови и активно да се вклучам во младинските политики на ниво на факултет, општина и регион.

Елеонора Јовановиќ

Програмата ме научи да размислувам во насока на заштита на животната средина во секојдневието, да размислувам одржливо и секогаш на ум да ги имам правилните вредности и принципи. Ми даде знаење во области кои денес се особено актуелни, важни и релевантни, а тоа знаење ми помага и на работното место.